Во своето гостување во „Само интервју“, универзитетскиот професор, Ферид Мухиќ се осврна на пандемијата и авторитарноста на Власта која ни се наметнува и се прикрива токму во Ковид пандемијата.
„Оваа година донесе промени во светски размери. Постојат и видливи и невидливи промени, а и двете се лоши. Јас сум еден од оние кои е изненаден од тоа колку трае Ковид пандемијата. Мојата загрженост е посочена кон невидливите промени. Власта и нивната авторитарност е силна, по што се поставува прашањето дали смееме веќе во нешто јавно да се сомневаме и тука заклучуваме дека повеќе нема елемент на критичка мисла. Разумот е денес урнат со авторитарноста која ни се наметнува. Во оваа насока, ние имаме право да се сомневаме во се, а тоа не се прави. Пандемијата сега се користи во рамки на овој проблем, и не ни е дадена шанса да се сомневаме во било што. Што се однесува до вакцините, ни се нудат две опции, а ние ништо не знаеме. Парадоксално е Фајзер да ја условува Србија со вакцините кои тие ги купиле. Ги следев Заев и Брнабиќ и се уште не е јасно кој е виновен“, истакна Мухиќ.