Мукаетов: Ракометарите се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија

од Milan1
19 прегледи

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетoв, по денешната победа над Катар со 39:34 не го криеше задоволството од прикажаната игра на репрезентативците. Тој рече дека ракометарите се вистински пример како треба да се бориме за Македонија

– Секако дека сум апсолутно задоволен од оваа втора победа, од пристапот на нашите ракометари, од квалитетот што го прикажуваат на ова Светско првенство. Тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Штета што поради сплет на околности, поддршката од трибините не е како на првите две средби. Тоа што беше до нас го направивме. Заеднички да ги задржиме момците со фокус на натпреварите и тоа што најдобро го знаат да го пружат на теренот. Јас сум им благодарен и многу среќен што еве се покажува дека оваа репрезентација има квалитет и во иднина да ни приредува радости. Заедно со Кире Лазаров трпевме многу критики последните неколку години, но покажавме дека сме на вистинскиот пат, изјави Мукаетов.

Токму Мукаетов е човекот кој е еден од најзаслужниот за континуитетот на репрезентацијата на големите натпреварувања со обезбедувањето на беспрекорни услови за работа на стручниот штаб и на ракометарите.

ФОТО: РФМ

Слични содржини