Мукаетов: Убеден сум дека и во 2022 година „Алкалоид“ ќе расте

од Vladimir Zorba
208 прегледи

„Ова е година која е исполнета со многу предизвици. Она што на почетокот беше здравствена криза сега веќе може да се каже дека е еден вид и воена криза. Имаме предизвици од типот на зголемување на цените на енергенсите, кои се неколкукратно зголемени; потоа имаме предизвици од аспект на обезбедување суровини и материјали; раст на цената на транспортот, како и дефинирање пласмани на производите на некои пазари, кои, исто така, стануваат специфични. Но сметам дека ние, потпрени на сопствените сили, на сопственото знаење и на капацитети можеме да го надоместиме тоа. Јас сум оптимист и сум убеден дека и во 2022 година, и покрај сите овие предизвици, „Алкалоид“ и натаму ќе расте“, вели Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, за Bloomberg Adria.

Во моментов, според него, еден од наголемите предизвици, веројатно, е работната сила.

-Она што денеска е „Алкалоид“ е најмногу поради тоа што ја има таа база на квалитетен стручен кадар, но факт е дека сѐ потешко се наоѓа тој стручен кадар; факт е дека нашиот образовен систем, за жал, не произведува доволно квалитетен кадар во одредени сегменти, а има хиперпродукција во други. За да го надминеме сето тоа, ние влеговме во неколку проекти за кои сметаме дека се многу важни. Го имаме Проектот за практиканство, според кој, во договор со неколку образовни институции, доаѓаат студенти и работат во „Алкалоид“; го започнавме Проектот за дуално образование, а многу веројатно е дека ќе отвориме и Академија за градење посебни вештини и знаења, затоа што тоа е, веројатно, еден од начините за да го надминеме она што го имаме во моментот, а тоа е и недостиг на стручен кадар, а и, да кажеме, недоволно создавање кадар во одредени сегменти кои ѝ се потребни на компанијата за да може долгорочно да продолжи да расте со темпото со кое растеше и досега, истакна Мукаетов.

Слични содржини