Мукиеле се прости со навивачите на Лајпциг пред трансферот во ПСЖ

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Францускиот дефанзивец Норди Мукиеле на социјалните мрежи му се заблагодари на својот поранешен клуб РБ Лајпциг пред да ја заврши својата преселба во Пари Сен Жермен.

Тој се пресели во германскиот тим од Монпеље во 2018 година, откако запиша 80 настапи за Бундеслигата во изминатите 4 сезони.

Фудбалерот веќе се договорил за трансфер во францускиот шампион кој за неговите права ќе плати 16 милиони евра.

„Сакам да ви се заблагодарам за се што направивте за мене. Ме натеравте да се чувствувам како дома од првиот ден кога пристигнав и сега заминувам со тешко срце. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот што ни помогнаа да ги постигнеме нашите цели на дневна база. Приказната што ја создадовме е и ваша. До моите браќа на теренот: да го одржиме овој завет жив. Благодарам на тренерите и персоналот за овие четири години. Со вас го открив највисокото ниво во фудбалот. Денес сум подобар фудбалер, но и подобра личност и постигнав некои од моите лични соништа благодарение и на вас“, напиша Мукиеле на Инстаграм.