Мукоски и Тарчуловски, сами ќе треба да се разрешат

од desk3
119 прегледи
Пратениците Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски се предложени да бидат членови на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања. За претседател на Комисијата за надзор на тајните служби УБК и АР е предложен пратеникот Трајко Вељаноски.

Ова е само дел од епилогот од вчерашната комисиска седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Сопбрнаието на која единствена точка на дневниот ред беше Утврдување на Предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот , членови и нивните заменици. 
Жестоката расправа меѓу власта и опозицијата беше токму во насоката на изборот на овие членови од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во извештајот на МВР за настаните во Собранието на 27 април, Мукоски е посочен  како еден од пратениците кој на  демонстрантите им овозможил да влезат во собраниската зграда, додека пак Тарчулоски од материјалот на собраниските  безбедносни камери се гледа како се поздравува и ја насочува толпата. И двајцата се под истрага на Јавното обвинителство за организиран криминал осомничени дека биле дел од организиран напад на Собранието.
За тие да бидат разрешени  Собранието ќе мора да гласа за изземање на нивниот пратенилчки имунитет, а надлежна комисија за овој чин,  е токму комисијата каде се членови. .

За претседател на Комисијата е предложен пратеникот од Колцијата предводена од СДСМ,Павле Богоевски.

Во оваа комисија членуваат и Трајко Вељаноски и Борис Змејковски од ВМРО-ДПМНЕ,  Сашко Костов, Александар Кирацоски, Мирослав Јовановиќ (СДСМ) и Агим Шакири (ДУИ).

Во Комисијата за надзор на тајните служби УБК и АР ќе членуваат и Иван Иванов, Благица Ласовска, Трајче Димков (ВМРО-ДПМНЕ), Фросина Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Хари Локвенец (СДСМ)и Ејуп Алими (ДУИ).

За претседател на Комисијата за надзор на мерките за следење на комуникации е предложен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ. За членови на комисијата се предложени Ејуп Алими (ДУИ), Васко Ковачевски, Тања Ковачев (СДСМ) и Лилјана Затуроска (ВМРО­ДПМНЕ).

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Специјалното јавно обвинителство пред Основниот суд Скопје 1 поведе процес за случајот од 2013 година со шамарите во општина Центар во кој Рангелова е една од 13-темина обвинети. Таа е обвинета дека од просториите во Советот на општината, ги координирала по мобилен телефон насилниците кога да „удрат“ врз бараката во која беа таа и останатите советници на прекинатата седница за време на нападот.

Рангелова е една од осомничените и во најновиот случај на СЈО „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.