Мумија со златен јазик од времето на Клеопатра пронајдена во Египет (ФОТО)

од Берта Китинска

Археолозите кои ја истражувале некрополата во градот Тапозирис Магна во Египет, откриле мумија која била закопана со златен јазик пред околу 2.000 години.

Тимот, предводен од Кетлин Мартинез од Универзитетот Санто Доминго во Доминиканска Република, работеше во храмот Тапосирис Магна кога беа откриени 16 гробни рамки од грчката и римската ера, пренесува Кликс.ба.

„Археолозите откриле остатоци од позлатен јазик “, соопшти Министерството форма на јазик што се става во устата на мумијата.

Тоа, според нив, бил посебен ритуал за да се обезбеди мртвите да можат да разговараат со дворот на богот Озирис во задгробниот живот.

Мартинез издвојува две мумии како најзначајни меѓу наодите. На едниот има позлатени украси кои го прикажуваат Озирис, богот на задгробниот живот, додека на другиот има круна украсена со рогови и змија на челото. На градите има позлатен украс со ѓердан од кој виси главата на сокол, симбол на богот Хорус.

Исто така, пронајдени се осум златни лисја што ги претставуваат лисјата на златниот венец на погребната маска и осум мермерни маски кои датираат од грчкото и римското време.

Во текот на изминатата деценија, археолозите откриле неколку монети со името и сликата на кралицата Клеопатра VII во sидовите на храмот.

Posted by ‎Ministry of Tourism and Antiquities وزارة السياحة والآثار‎ on Friday, January 29, 2021

Слични содржини