Мурати – Секизќок: Обострано задоволство од досегашната соработка со Република Турција на мултилатерално и билатерално ниво

од Aleksandar Petrovski
216 прегледи

Функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за негово унапредување се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок.

На средбата било изразено обострано задоволство од досегашната соработка со Република Турција на мултилатерално и билатерално ниво, како и од соработката помеѓу уставните судови на двете држави, особено што во тековната 2020 година е планирано организирање на заедничка тркалезна маса, на која домаќин би бил Уставниот суд на Република Северна Македонија.

– Еден од начините на кои се остварува поддршката на Република Турција на Уставниот суд на Република Северна Македонија е преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) преку неколку досегашни, но и преку идни проекти како што е најавеното опремување на салата за билатерални средби на Судот од страна на оваа агенција, за што беше изразена особена благодарност од претседателот Мурати, соопштуваат од прес-службата на Уставниот суд.

Турскиот амбасадор Секизќок се заблагодарил за приемот и изразил задоволство од посетата на Уставниот суд и истовремено упатил поддршка за понатамошната соработка помеѓу двете држави, вклучувајќи ги уставните судови на двете држави кои досега имаат одлична соработка

Слични содржини