Мурињо: Два пати ја одбив понудата на Португалија

од Симе Стоиков
150 прегледи

Жозе Мурињо откри дека имал можност да стане селектор на португалската репрезентација.

Искусниот стручњак моментално е без работа по заминувањето од Рома, но најави дека сака да се врати на клупата веќе на лето.

Во разговор со познатиот новинар Фабрицио Романо, Жозе изјави дека Португалија го посакувала во периодот додека беше тренер на Реал, но и неодамна кога ја водеше екипата на Рома.

„Моето чувство е дека вратата на Португалија ми беше отворена два пати, во стилот „те молам дојди ова место е твое“. Еднаш кога бев тренер на Реал, целта беше да ги вршам двете работи одеднаш, така што претседателот на Реал, Флорентино Перес рече дека тоа не е можно. Лесно беше да се прифати вториот пат, бидејќи неколку месеци подоцна добив отказ од Рома, но не се каам”, изјави Мурињо.

Тој објасни и зошто не жали што ја одбил понудата.

“Не жалам затоа што сум среќен поради причината што ги одбив. Целта е да бидам селектор еден ден, но ако ме прашате утре, не сум сигурен дека ќе бидам среќен. Ако ми кажете дека пред Светското првенство, Еврото, Копа Америка, Африканскиот куп на нации би рекол „да“. Но да чекам две години за таа работа, не знам. Можеби еден ден ќе ја прифатам“ – додаде Мурињо.

Слични содржини