Мурињо дозна за смртта на принцот Филип и ја прекина прес конференцијата (ВИДЕО)

434 прегледи

Тотенхем ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед во рамките на 31. коло од Премиер лигата на Англија.

Жозе Мурињо зборуваше пред овој натпревар, а за време на прес-конференцијата пристигна веста за смртта на британскиот принц Филип.

Мурињо изгледаше доста вознемирено и изрази сочувство до кралското семејство.

“Сакам да изразам сочувство на кралското семејство. Да бидам искрен, имам голема, голема почит кон кралското семејство”, рече Жозе и додаде:

“Тажен сум од заминувањето на принцот Филип. Жал ми е, но животот продолжува”, истакна Жозе.

Поради смртта на британскиот принц, сите натпревари во Англија ќе започнат со едноминутно молчење, а играчите ќе носат црни ленти.

Слични содржини