Мурињо за Погба: Баш ми е гајле што мисли!

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по ремито со Евертон (2:2), на прес-конференцијата беше прашан нешто што не е поврзано со тој меч – но токму тоа го извади од такт!

Запрашан да ја коментира изјавата на Пол Погба, кој изјави дека сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, нема таква навика да оди против неговите играчи, Португалецот одговори на негов начин.

– Би сакал да истакнам дека воопшто не ме интересира што има да каже. Не можам да се грижам помалку. Јас воопшто не сум заинтересиран – изјави Мурињо.

Погба, алудирајќи на периодот кога португалскиот тренер беше главен тренер на Јунајтед, рече дека Солскјер не е тренер кој ги става настрана играчите.

– Имав добра врска со Мурињо, на сите им беше јасно, но еден ден сè се смени. Тоа е многу чудна работа, не можам да ви објаснам затоа што ни мене не ми е јасно – рече Погба.

Слични содржини