Муртезани: Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес се обрати на он-лајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан”, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Во своето обраќање, министерот Муртезани ја нагласи важноста на структурираните и транспарентни механизми за следење на реформите, како клучни алатки за ефективно управување со реформските процеси и зајакнување на јавната доверба.

Тој истакна дека Реформската агенда 2024–2027 година претставува национално управувана трансформациска платформа што ја вградува европската агенда во институционалните политики, при што се заснова на пет стратешки столба: владеење на правото, зелена транзиција, дигитална трансформација, човечки капитал и добро управување.

Министерот подвлече дека реформите мора да бидат резултатски ориентирани, континуирано следени и отворени за корекции, за да ја одразат реалната динамика и очекувањата на граѓаните и партнерите.