Муртезани: Тоа е што е добро во овој извeштај, е дека има блага тенденција на подобрување

од Milan1
14 прегледи

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2024 година е речиси идентичен со извештајот за 2023 година, сепак во најновиот извештај има подобрување тврди министерот за европски прашања Орхан Муртезани, во вечерашната „Топ тема“ на Телма.

„Тоа што е добро, колку и да е мала, има блага тенденција на подобрување во однос на напредокот. Од 2019 година, до 2023 година, сите извештаи констатираа дека има уназадување во процесот, било на хармонизација, било во процесот на пристапување на земјата во Европската Унија. Тоа е што е добро во овој извeштај, колку и да е мал растот или подобрувањето, сепак, тенденцијата е благо кон подобрување“, рече Муртезани.

Според него, клучната е порака е дека со соодветен ангажман, посветеност и сериозност во спроведување на реформите, извештајот догодина може да биде уште подобар.

Слични содржини