Мус од кафе: Благо на кое е невозможно да му одолеете! (РЕЦЕПТ)

од Vladimir Zorba
940 прегледи

Состојки:

Мус од кафе:

70 гр чоколадо за готвење
4 лажици топло јако кафе
3 јајца
85 гр шеќер
150 мл слатка павлака

Желе од кафе:

6 листови желатин
сварено посилно кафе (без талог)

Подготовка:

Мус од кафе: Скршете го чоколадото за готвење на мали парчиња и ставете го во топло и силно кафе. Гответе го на пареа додека не се стопи, а потоа да се излади.

Истурете ги жолчките и шеќерот во сад и изматете ги со миксер. Слатката павлака цврсто изматете ја во шлагот. Потоа, додадете ја изладената мешавина од чоколадо и кафе во кремот и на крај измешајте ја во шлагот.

Цврсто изматете ги белките и измешајте ги со чоколадото и кремот од кафе.

Смесата ставете ја во фрижидер приближно 3 часа.

Желе од кафе: Подгответе желатин со посилно кафе, претходно исцедено за да нема талог. Засладете по желба. Одделете 1/3 од количината и истурете ја на чинија, а кога ќе биде цврста, исечете ја на коцки.

Прво, истурете малку желе кафе во претходно подготвените чаши, а потоа слој од мус за кафе, желе и завршете со мус. Одозгора украсете со коцки желе од кафе.

Слични содржини