Мусака со месо и модар патлиџан

од Stefanija Kuzmanovska
556 прегледи

Состојки:

– 4-5 модри патлиџани

– 500 гр мешано мелено месо

– 150 гр кромид

– 4 чешниња лук

– 3-4 свежи домати или доматно пире

– 1 китка магдонос

– пар ловорови листови

– сол, бибер

– 100 мл маслиново масло

Бешамел сос:

– 40 гр путер

– 30 гр брашно

– 500 мл млеко

– 1 лажица рендан пармезан

– 2 јајца

– сол, бибер

Подготовка:

Модрите патлиџани исечете ги по должина, посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Исплакнете ги со топла вода и исушете ги со кујнска хартија.

Наредете ги во плех што сте го подмачкале со маслиново масло. Печете ги модрите патлиџани во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути.

На маслиново масло кратко продинстајте го исечканиот кромид, па меленото месо. Додадете сечкани домати или доматно пире, ловоров лист, бибер и издробен лук. Се динста додавајќи вода.

Кога месото ќе омекне, додадете го сечканиот магдонос.

Подготовка на бешамел: на растопен путер кратко пропржете го брашното, истурете ладно млеко и варете со мешање околу пет минути. Додадете сол, бибер и пармезан.

Бешамелот изладете го малку и измешајте го со претходно изматени јајца.

Во огноотпорен сад наредете ред модри патлиџани, намачкајте ги со малку од динстаното месо, врз нив ставете уште еден ред модри патлиџани, динстано месо и завршете со слој од модар патлиџан. Врз сè прелијте го подготвениот бешамел.

Печете ја мусаката во рерна загреана на 220 степени 20 до 30 минути.

Слични содржини