Муслимански лидер во Австрија: Неразумни европски политичари и медиуми го поддржуваат радикалниот ислам финансиско и идејно

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Исламски милитанти успеале да се инфилтрираат меѓу бегалците и сега треба да очекуваме нови терористички напади. Ова предупредување го упати лидерот на Либералната муслиманска иницијатива во Австрија Алмер Абати за време на состаноците во Виена и Грац.

радикал

Постои огромна опасност по ескалацијата на војната во Сирија исламистички борци да стартувате кон Европа, рече уште Абати. За жал моите предупредувања се потврдија и во следните месеци и години треба да очекуваме нови терористички напади, истакна тој. Апсолутно неразумно е однесувањето на европски политичари и медиуми, кои со години ги  поддржуваат идеолошки, материјално и политички сомнителните организации од редовите на радикалниот и милитантен ислам, рече Алмер Абати и додаде: Политичарите треба да го признаат тој факт и да ја прекинат оваа практика. Инаку нашето општество ќе станува опасно.

Алмер Абати  прогласи дека и ппотребна  решавачка битка против исламскиот тероризам. “Денес се потребни решителни дејствија од страна на сите европски држави и да ја уништиме Исламската држава, кој се претвори во срцето на светскиот тероризам на џихадисти”, рече уште тој.

„Не секој муслиман автоматски станува член на ИД  или Ал Каеда”, изјави во заклучок Алмер Абати.