Муслиу: Бајден наследува поделена нација, а Кина ќе биде фокус на новата администрација

254 прегледи

Политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу во своето гостување на 24 анализа, ја прокоментира промената во „Белата куќа“ и на каква Америка наидува новоизбраниот претседател, Џо Бајден.

„Бајден е веќе запаметен по говорот и мирувањето, обединувањето и темите кои му се при срце, еднаквоста и правдата за сите секако. Да не заборавиме дека до предмалку имавме претседател на САД кој е успешен бизнисмен, а не политичар. А во сите демократии, исто како и во САД нацијата е поделена. Генерално оние погоре кажани вредности треба да ги предводи Бајден, а ова другото е негово наследство од претходниот претседател, Доналд Трамп. Бајден брзо ќе се фрли на работа, треба да ја формира и Владата. Оттаму граѓаните треба да знаат дека Америка е главен човек и тој е Влада во суштина, а сите останати се вршители на должност. Наративот кон Кина можеби ќе се смени, а неопоходно е дека таа ќе биде фокусот на новата администрација“, истакна Муслиу во својата оценка.

Слични содржини