Во едно истражување на ББС видов со какви информации настапуваат Руските медиуми кон Русите. Таму ништо не се зборуваше за другите градови, највеќе се зборува за Донецк и Луганск, а не ги информираа дека ќе се бомбардира Киев и други градови и се надевам дека ќе изнајдат решение кое ќе значи прекин на воена инвазија, вели Алберт Муслиу во разговор „Локално“.
Муслиу смета дека плановите на Русија не се исполниле. Тој додава дека единствено решение е да се склучи договор помеѓу двете страни.
– Мислам дека има нешто забегано во тоа што го прави Русија, дека плановите не и се остварија и дека иницијалниот план беше да се окупира на брзина БР Киев. За да се смени власта се постави некој како Лукашенко во Белорусија кој ќе биде во линија со официјалната политика на Путин. Тоа не им успеа и веќе навлегуваат во ситуација која станува се потешко повратна, смета Муслиу.
Според аналитичарот, не може сега да се држи под окупација Украина и да се задржи, за да се држи под окупација ќе требаат 3 милиони Руси таму, а тоа чини.
– Мислам дека Русија не е толку економски моќна за да го издржи тоа. Ние го слушавме Путин кога излезе со финансиски помагала за да го крене моралот кај неговите војници кои се во Украина, а голем дел од кои и не знаеле што прават кога почнала инвазијата. Сепак тие се два блиски народа кои не се непријателски настроени. Требало да им се каже некоја приказна дека Украинцитеа ги убиваат Русите, дека Русите се под животен ризик, но вистината излегува на виделина дека тој бомбардира, убива цивили, сака да окупира градови, општината што ја превзема Руската армија се штитеше со војници, имаше војници пред локалната самоуправа, тоа е знак на окупација, не е знак на општо задоволство, дециден е тој.
Според Муслиу, Путин го злоупотребува фактот што Украина е послаба соседна држава и што може да инвадира, а поради тоа силата ја искажува потенцирајќи дека располага со нуклеарни оружја.
– Ако тој е толку убеден дека е надмоќен, може утре да ја нападне Унијата, Естонија, Летонија и тогаш ќе се соочи со воена одговорност. Туку, Путин врши воена инвазија врз држава која не е членка на НАТО и не е под заштита на НАТО, а ваму ги провоцира НАТО државите. Ако е толку сигурен во воената надмоќ, може да прати два тенка во Естонија и да се заканува со нуклеарно оружје, сигурно дека одговорот ќе биде многу оштар и ќе му се нанесат и воени штети и економски низ кои поминува сега, вели Муслиу.
Муслиу е оптимистички настроен дека ние влегуваме во нова фаза на членското уредување.
– Ние сме на целата страна за ЕУ и за жал можеби овој конфликт може да ни помогне во процесот на преговорите со ЕУ, затоа што и европјаните се свесни дека и кај нас има сили преку кои Русија инсистира тука гневен наратив спротивен на ЕУ. Ние видовме тука, кога еден наш претставник во собрание стана и кажа дека информации кои ги добиваме од нашите стратешки партнери се еднострани и лаги. Би требале да очекуваме во иден период дезинформации кои ќе бидат и на линијата на пропагандите кои ги спроведува оличаен Крендим.
Тој не верува дека било кој во ЕУ ќе трпи блокади засновани на историски несогласување, што е и еден од најбитните сегмети кои не попречуваат во преговорите за нашето членство во ЕУ.
– Приказната што ни ја продава Путин и приказните што ни одат од Бугарија се прилично слични, од историски аспект. Има еден момент кој кај нас би го екполирал, бугарскиот министер за одбрана е сменет затоа што не се произнел јасно во односот околу инвазијата на Русија врз Украина. Значи, сменет е поранешен светски премиер, а овие промени треба да се забележуваат во ЕУ. Така да од тој аспект ова добро ни оди нам како држава, додава Муслиу.
М.А.