Лидерот на косовскиот Демократски сојуз, Иса Мустафа, соопшти дека телефонски разговарал со претставникот на претседателот на САД за дијалог на Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој го предупредил на први санкции доколку косовскиот премиер безусловно и целосно ги укине даноците на стоките од Србија и БиХ, пренесе денес порталот „Коссев“.

Во интервју за РТВ 21 доцна синоќа, Мустафа рече дека разговарал со Гренел во петокот.
„Денеска Гренел ме контактираше по телефон, предупредувајќи ме за санкции на средствата за Милениумскиот предизвик“, рече Мустафа.
Тој потврди дека Гренел барал безусловно укинување на таксите.