Мустафа: Прашањето за Албанците во јужна Србија да биде дел од дијалогот

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Претседателот на албанскиот национален совет во Србија, Рагми Мустафа, изјави дека прашањето за Албанците од Прешево, Медвеѓа и Бујановац треба да биде дел од преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина.

„Постојано бараме прашањето за Албанците во Прешевската долина да се покрене како дел од агендата за дијалог, бидејќи сметаме дека Прешевската долина треба да биде неразделен дел од решението на двете земји“, рече Мустафа во интервју за приштински „Клан Косова“.

Мустафа додаде дека Албанците од овие три општини гласаа за решавање на овој проблем на референдумот во 1992 година, на кој, како што рече, „гласаа за обединување со Косово“.

Инаку, Мустафа вчера разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, а Курти тогаш ја обвини Србија за кампања против Албанците во Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

Курти рече дека внимателно ги следи состојбите и положбата на Албанците во тие општини и ја обвини Србија дека „она што не успеа да го стори таму со тенкови, сега го прави административно“, објави порталот „Репортери“, пренесе Танјуг.

Слични содржини