Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ги почитува правата на сите заедници

од Nikola Popovski

Европската десница се меѓу најпринципиелните поддржувачи на македонскиот пат кон ЕУ. Тој да биде врз основа на европски вредности. Македонија има уште многу што да направи за да стане членка на ЕУ. Проблемот е од попустлива политика, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Тој истакнува дека СДСМ има внатрешни проблеми и не може да ги испорача очекуваните реформи.

-Затоа наоѓаат изговори за да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ. Договорот за добрососедство создава проблем и поради него е ветото. Мицкоски пред сите лидери на ЕПП кажа дека Македонија е нападната. Успеавме да укажеме дека ние сме блокирани врз основа на антиевропски ставови. Целата македонска јавност може да го види говорот од Ротердам. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е за почитување и проширување на правата на сите заедници. додаде Муцунски во Дневникот на Тв Сител.

Слични содржини