Лекари од Германија се обидуваат да создадат лек кој ќе помогне во борбата против болеста. Тие откриле дека музичките вибрации влијаат исклучително позитивно врз пациентите кои се болни од оваа болест. Музичките терапии се ново средство кое им помага во борбата на болнитие од Алцхајмеровата болест.
Вибрациите кои се користат, го намалуваат нивото на стрес, болка и потреба од самоповредување и даваат позитивен ефект кај меморијата и когнитивните вештини. Развиен е специјален метод кој пренесува музика до избраните делови на телото. Вибрациите го стимулираат и го зајакнуваат мозокот така што развојот на болеста може да биде одложен или спречен.