244
Во текот на вчерашниот ден (10.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 516 возачи.
Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 357 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 77 други видови прекршоци.