Во СВР Охрид вчера околу 13.30 часот е добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.

Езерската полиција со пловен објект пристигнала не местото при што констатирала дека се работи за Д.А.(57) од Охрид. Тој е пренесен до месноста Грашница од каде што со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
На ул. „Кеј 13 Ноември“ во Скопје вчера околу 20 часот е приведен И.Џ. (41) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој презел службени дејствија.
На ул. „Бутелска“ во близина на угостителски објект ноќеска околу половина час по полноќ е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Љ.М. (44) од село Стајковци и А.К. (40) од Скопје.