МВР: Дојавите за бомби во 9 училишта во Скопје се лажни, продолжуваат проверките во останатите објекти

од Radmila Tasevska
132 прегледи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки и во Управен суд, Музеј на македонска борба, Археолошки музеј, хотел Александар палас, СЦ Борис Трајковски и девет училишта во Скопје.

Во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Претходно веќе информиравме дека завршија проверките и во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг и исто така беше утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста.

Слични содржини