291
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи после последните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта. Според него, „МВР цели 2 недели не можат да откријат лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните“.
-Во МВР нема професионализам, нема лица со соодветни компетенции на вистински места и најважно од се’ – нема одговорност. МВР е мртво ткиво. Не сакам ниту да замислам како би реагирало МВР во некоја поопасна и посложена ситуација. Спасовски наместо да се загрижи за својата и неспособноста на кадрите што сам ги поставил, си тера партиска агенда по локални партиски штабови на распаднатиот СДСМ, истакнува Ковачки.