МВР: Eден патник и возачот на автобусот што удри во жардиниера кај „Мавровка“ се пренесени во болница

од Milan1
52 прегледи

Aвтобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“, повредени се еден патник и возачот.

– Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош. Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот, информираат од МВР.

Слични содржини