МВР ги бара “кртовите” во своите редови кои се поврзани со прислушувањето

од desk3
85 прегледи

МВР ги бара кртовите во своите редови кои се поврзани со прислушувањето и протекувањето на важни телефонски разговори на политичари, јавни личности и новинари во јавноста. Целта на истрагата е да се расчисти кој се’ бил вклучен во ланецот на прислушување, пишува Утрински весник.

mkd-155645

Истрагата тече во континуитет и се собираат нови докази, особено откако во јавноста меѓу другите беа објавени и неколку телефонски разговори на првиот човек на министерството Гордана Јанкулоска. Се преслушуваат сите материјали пронајдени досега, се прегледуваат сите документи, се’ што би можело да посочи кој се бил вмешан во случајот, велат од полицијата.

„Ова не е случај кој може да заврши со распределување од едно на друго работно место, или пак со казни. Станува збор за сериозни кривични дела, за кои постапката ја води обвинителството“, вели помошникот министер за информирање, Иво Котевски.

Повеќе ТУКА