МВР го утврди идентитетот на пронајдената жена во Вардар

од desk3
116 прегледи

МВР го утврди идентитетот на починатото женско лице, чие тело вчера беше извадено од водите на Вардар кај Злокуќани.

4512349266_56512ba75f_b

Станува збор за 81-годишната скопјанка Надежда Х., чие тело во фаза на распаѓање беше забележано од рибар кој го пријавил случајот.

Телото на Надежда било идентификувано од нејзин роднина, а по извршената обдукција ќе бидат познати причините за смртта.