МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп – Крушево

од Milan1
95 прегледи

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, треба да се користат овие патни правци поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Крушево, кој е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

Слични содржини