МВР приведе две лица од Буковиќ за вчерашното разбојништво во Куманово

Кумановската полиција приведе две лица од скопското село Буковиќ за вчерашното разбојништво во Куманово, соопштија денеска од полицијата.

од Бети Божиноска
246 прегледи

Кумановската полиција приведе две лица од скопското село Буковиќ за вчерашното разбојништво во Куманово, соопштија денеска од МВР.

Двајцата се сомничат дека со џип го пресретнале 63-годишниот кумановец на патот кон кумановската населба Карпош, намерно предизвикале судир, пукале кон него, му одзеле торба со пари и го запалиле џипот.

„Денеска полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од село Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека  вчера околу 20:20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат“, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „Ренџ Ровер“, соопшти полицијата.

Осомничените биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини