МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

од Milan1
27 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР.

– Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ, се наведува во потерницата.

ОЈО ГОКК денеска донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.

Слични содржини