МВР со детали за сообраќајката во Скопје: Возач на БМВ удри во столб на булевар “Гоце Делчев“ по судар со мопед

од Илинка Илиоска
67 прегледи

Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на плоштадот „Скендербег“ се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа автомобил „БМВ“ и мопед „Пјаџо“. Според информациите од МВР, автомобилот бил управуван од 24-годишниот Ф.Л., додека мопедот го возел 19-годишниот М.С. Автомобилот удрил во столб од надвозникот, што довело до оштетување на возилото. Според полицијата, повреден е само возачот на автомобилот.

„На 18.10.2024 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на бул.Гоце Делчев во Скопје во која учествувале патничко возило ‘бе-ем-ве’ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Л. (24) и мопед ‘пиаџо’ управуван од М.С. (19), по што возилото ‘бе-ем-ве’ удрило во столб. Со телесни повреди се здобил Ф.Л.“, се вели во полициското соопштение.

Слични содржини