Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вечерва се случило убиство во Тетово.
„Во 20:35 часот на СВР Тетово, пријавено е дека на улица Штипска во Тетово, лице кое било во автомобил „Мерцедес“ со огнено оружје пукало во автомобил „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кој починал веднаш од нанесените повреди. Припадниците на полицијата од СВР Тетово ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР .