МВР трага по Блерим Рамадани: Избегал од куќен притвор

од Илинка Илиоска
722 прегледи

Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Локално.мк“.

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бара Република Србија по потерница и екстрадиција, вчера избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија.

Тој беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.

Но, судијата на претходна постапка Пајазит Пајазити од Кривичниот суд Скопје од екстрадиционен, го стави Рамадани во куќен притвор, на пријавена адреса на роднини/пријатели на осомничениот Рамадани.

САКАМДАКАЖАМ.МК. објави дека некој од Кривичниот суд му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија.

Слични содржини