МВР: Во ноќен клуб во Желино приведени странски државјанки од Србија, Украина и Албанија без регулиран престој

од Илинка Илиоска
38 прегледи

Во ноќен клуб во тетовско Желино се затекнати и приведени 18 странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и еден 46-годишен маж од Албанија, кои имале нерегулиран престој во државата, информира СВР Тетово, посочувајќи дека акциската контрола е извршена рано утрово од 1 до 4 часот.

„Полициски службеници од СВР Тетово во ноќниот клуб затекнале и привеле две државјанки од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија. Приведен е и еден маж од Албанија. Престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација за престој“, соопшти МВР.

Оттаму велат дека приведените се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни прекршоци.

Слични содржини