МВР: Во тек е дијалог со синдикатите, дел од барањата веќе се имплементирани

од desk4
55 прегледи

По денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата (НСП), од МВР соопштија дека се во постојан дијалог со сите полициски синдикати, со цел унапредување на статусот и условите за работа на полициските службеници.

„Идеи и предлози веќе се имплементирани во Колективниот договор со Синдикатот и веќе се чувствуваат придобивките“, велат од Министерството, додавајќи дека разговорите со синдикатите ќе продолжат.

НСП протестираше барајќи почитување на Законот за минимална плата и еднаква судска пракса при одлучување во предмети против МВР кои се однесуваат на разлики до минимална плата.