МВР за отстранувањето на македонското знаме од Кораб: Се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, се преземаат дополнителни мерки

од Milan1
83 прегледи

Се огласи Министерството за внатрешни работи во врска со симнувањето на македонското знаме на Голем Кораб. Во соопштението на МВР се вели дека се работи за лице кое не жител на Македонија.

„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“,  велат од МВР.

Инаки група на албански планинари викендов го тргнале македонското знаме од врвот на планината Кораб и поставиле албанско знаме.

„Кораб е на Албанија и нема место за македонското знаме“, напишал извесен Изет Шулку на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео.

На врвот Голем Кораб, кој припаѓа на Националниот парк Маврово, стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји – Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искинал и ја фрлил.

 

Слични содржини