266
– На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.,,Александар Македонски” во Скопје, од патничко возило во движење од огнено оружје било пукано во патничко возило „фолксваген пасат” со австриски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(43) од Австрија, со привремен престој во Скопје, а сопатник бил Н.А.(30) од Скопје. Притоа, со прострелна рана се здобил возачот Н.А. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје калибар 9 мм. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.