My Dolce Casa: С. Македонија е на 24 место на листата на европските земји според можностите за убав живот

од Vladimir Zorba

Северна Македонија е на 24 место на листата на европските земји според можностите за убав живот.

My Dolce Casa, еден од попознатите американски магазински портали посветен на преселбите, убавото живеење и пензионерското доба, ја стави Северна Македонија на 24 место од 33 земји во Европа, според можностите за убав живот.

Зад Северна Македонија се Белгија, Норвешка, Франција, Италија и многу други држави, а меѓу петте најпожелни држави се Шпанија, Португалија, Холандија, Словенија и Хрватска.

Истражувачкиот тим на My Dolce Casa, цитиран од „Рацин“, ги идентификуваше оние земји во Европа кои нудат комбинација од одличен квалитет на живот и разумни трошоци врз основа на формула која ги зема предвид најниските трошоци за живот за највисокиот квалитет на живеење, користејќи ги најновите податоци на Нумбео, најголемата светска дата база за трошоци за живот.

Слични содржини