МЗ: Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Министерството за здравство во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката, соопштуваат од Министерството за здравство, а се наваува и почеток на скрининг за карцином на дебело црево.

-Од 2024 година се надеваме дека ќе започнеме и со скрининг за карцином на дебело црево, благодарение на сите подготвителни активности на Министерството за здравство, заложбите на министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменик министерката, Маја Манолева, како и ентузијазмот на докторите бидејки еден скрининг процес е многу комплексен, наведуваат од МЗ.

Скринингот на карцином на дебело црево ќе се прави исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ, согласно стандардите и ЕУ директивите кои ги следиме. Сите овие директиви во форма на задачи беа зададени на МЗ според кое што беа прилагодувани во сите три скрининг програми во текот на годината. Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката, се наведува, веќе располага со квалитетен и обучен кадар.

Што се однесува за скрининг на рак на дојка во тек на 2022 и 2023 година се набавени голем број апарати, најсофистицирана опрема односно дигитална мамографија во Општа Болница Куманово, Струмица, Дебар и ОБ Тетово, ОБ 8ми Септември и Институтот за Радиологија, нови мамомати со можност за стереотакса и томосинтеза.

Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа, се појаснува, се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијгностика. Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8ми Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана.

Формирана е и национална комисија „Тумор Борд” за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ќе работи на патеката кај овие пациентки. Комисијата ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот.

-Можеме да истакнеме со оглед на нашата анализа на податоци, пријавени на скринингот беа 10.000 пациентки, додека реализирани биле 4900 скрининг мамографии. Апелираме жените што ги добиваат пораките преку пријавениот телефонски број, да ги почитуваат дадените термини и локација и доколку не се во можност да одат да ги откажат своите термини, бидејќи го зафаќаат терминот на жени кои сакаат да бидат вклучени во програмата, апелираат од Министерството за здравствство.

Слични содржини