371
Во салата „Борис Трајковски“ ќе има дополнителни слободни термини за граѓаните на возраст од 73 и 74 години, информираше вечерва Министерството за здравство.
Како што велат од таму, термините се отворени од вечерва и се испрати апел до граѓаните од оваа група, доколку сакаат својот термин да го закажат преку апликацијата vakcinacija.mk или преку системот „Мој термин“ и својот матичен лекар.
Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ „Борис Трајковски“.
За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизација со приоритет врз основа на возраст.