МЗ: Пуштен е во употреба сајтот за пријавување за вакцинација против Ковид 19

Пуштена е во употреба веб страницата вакцинација.мк, каде граѓаните ќе можат да се пријавуваат за вакцинација против Ковид 19, информираше Министерството за здравство.

Во рамки на тоа, граѓаните ќе ја пополнат апликацијата, со што ќе се регистрираат во ситемот „Мој термин“.

Податоците ќе бидат внесени во паза, а потоа пациентите ќе очекуваат повик од матичниот лекар од кого ќе бидат информирани кога им е закажан терминот за вакцинација.

За потсетување, вакцинацијата во С.Македонија ќе биде доброволна.

 

Слични содржини