МЗ: ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им се потсмева со вакцинацијата

319 прегледи

Од Министерството за здравство велат дека опозициската ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека имунизацијата се одвива без проблеми,  апропро денешниот протест пред Министерството.

Оттаму, велат дека ВМРО ДПМНЕ им се потсмета со вакцинацијата на граѓаните, здравствените работници и сите останати кои веќе ја примија првата доза од вакцината.

„Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години“, вели Министерството.

Во соопштението се вели и дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“.

„На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните“, се наведува во писмената реакција од Министерство за здравство.

Слични содржини