Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека бројот на загинати во нападите на Израел надмина 15.200 и оти 70 отсто се жени и деца, а повеќе од 40.000 луѓе бил ранети.
Претходниот број на загинати беше повеќе од 13.300 мртви. Портпаролот на министерството, Ашраф ал Кидра не го објасни остриот скок на жртви.
Од 11 ноември министерството само спорадично може да објавува податоци поради проблеми со врските и големи нарушувања во работата на болниците поради војната.
Министерството не прави разлика меѓу цивили и борци.
Израел ја засили својата офанзива по еднонеделното примирје во војната со Хамас, што предизвика повторна загриженост за цивилните жртви, иако САД го повикаа сојузникот Израел да направи сè што е можно за да ги заштити цивилите.