217
Најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени, загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска министерството за здравство во Појасот Газа, управувано од Хамас, пишува The Times of Israel.
Конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас започна на 7 октомври откако Хамас изврши ракетен напад, а потоа и копнена инвазија во Израел, при што загинаа околу 1.400 Израелци и земаа повеќе од 240 заложници во Појасот Газа.
Израел одговори со силни воздушни напади и блокада на Појасот Газа, а потоа копнените единици на израелската армија влегоа во палестинската енклава.