Во војната во Појасот Газа убиени се повеќе од 20.000 Палестинци, соопштија здравствените власти на територијата под контрола на Хамас, додека се зголемува притисокот да се намали бројот на цивилни жртви во израелската офанзива.
Бројот на загинати е речиси еден процент од предвоената популација и е само еден показател за уништувањето во 11-неделниот конфликт кој расели речиси 85 отсто од 2,3 милиони луѓе и срамни големи делови од малата крајбрежна енклава.
Министерството за здравство на Газа документира 20.057 жртви од конфликтот, но не кажа колку од нив се цивили.
Претходно беше објавено дека две третини од жртвите се жени и малолетници. Како што се наведува, ранети се 53.320 Палестинци.
Израел објави војна по нападот на екстремистите на Хамас преку границата на 7 октомври во кој беа убиени повеќе од 1.200 и киднапирани околу 240 луѓе.