МЖСПП и деканот на Факултет за земјоделски науки и храна потпишаа Меморандум за соработка

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и деканот на Факултет за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспостави рамка за соработка на двете институци во области од заеднички интерес.

Ваквата соработка е во правец на поттикнување на поинтензивно поврзување на земјоделските науки со заштитата и одржливото управување со животната средина, особено за прашањата поврзани со агробиодиверзитетот, промовирањето на агро еколошките мерки, влијанието на климатските промени, како и размена на искуства, знаења и податоци заради исклучителната важност и меѓусебна поврзаност во надминување на предизвиците за обезбедување на на економски просперитет, но не на штета на биодиверзитетот, животната средина и човековото здравје.

Договорена е соработка и поддршка во процесот на ратификација Протоколот од Нагоја за пристап до генетските ресурси и праведна и рамноправна распределба на придобивките што резултираат од нивното користење кон Конвенцијата за биолошка разновидност.

За практикување и развивање на одржливи земјоделски практики што ќе ги следат климатските, економските, но и еколошките побарувања на денешницата потребна е соодветна едукација, развиена свест и промена на воспоставени навики, но секако засновани врз научно потврдени факти.

Слични содржини