МЗШВ: Минатата недела исплатени 108,6 милиони денари финансиска поддршка кон македонските земјоделци

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој –АФПЗРР реализираше повеќе исплати на мерки од Националниот план за производство на храна во вкупна вредност од 108,6 милиони денари.

Исплата е извршена кон 1.615 апликанти во вкупна вредност од 72.1 милиони денари од мерката предвидена со Интервентниот фонд за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат одгледувачи на овци, кои имаат предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022 година. Преку оваа интервентна субвенција на одгледувачите на овци им се доделува финансиска поддршка од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

Исто така, реализирана е и исплатата на финасиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво до 2.168 земјоделци производители на житни култури, со вкупна вредност од 36.5 милиони денари. Со оваа исплата вкупната финансиска поддршка за набавка на вешачко ѓубриво изнесува 85.9 милиони денари за 5.475 земјоделци производители на житни култури.

Изминатиов период АФПЗРР изврши исплата кон земјоделците и за другите мерки предвидени со Интервентниот фонд.

78.3 милиони денари финансиска поддршка е исплатена до 223 земјоделци -апликанти за одгледани и заклани гоеници кои се предадени во регистрирани кланични капацитети. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници предадени во регистрирани кланични капацитети во период од 1 февруари 2022 до 30 април 2022 година. Финансиската поддршка по корисник за оваа мерка изнесува 1.500 денари по грло гоеница со тежина над 90 килограми.

Исплатени се вкупно 671.000 денари финансиска поддршка за 9 производители на конзумни јајца за одгледување на кокошки несилки.

„МЗШВ останува посветно во поддршката кон секој еден земјоделец, покрај овие мерки кои веќе ги донесовме со Националниот план за производство на храна, веќе работиме и подготвуваме нови мерки за поддршка на секој еден земјоделец и за есенската сеидба, за што со ребалансот на буџетот обезбедивме нови дополнителни 500 милиони денари”, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Слични содржини