МЗШВ: Пред делегацијата од Азербејџан го презентираме успешното искуство од процесот за консолидација на земјоделското земјиште

од Nikola Popovski
255 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска со претставници на
министертвото за земјоделство и ФАО заедно со делегацијата на Република Азербејџан, предводена од помошник на
претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна
политика на Претседателската администрација на Република Азербејџан, Шахмар Мовсумов и министерот за
земјоделство на Република Азербејџан, Мајнун Мамадов, беа во посета на успешно консолидираното подрачје во
селото Егри.

Високата државна делегација на Република Азербејџан овие денови е во официјална посета на Република Северна
Македонија, со цел да го осознаат подобро процесот на консолидација на земјоделско земјиште.
Процесот за консолидација на земјоделското земјиште подразбира окрупнување на малите расцепкани земјоделски површини, изградба на пристапни патишта и наводнување до секое земјоделско земјиште.

Бенефитите за земјоделците се многукратни од еден успешно завршен процес на консолидација, а токму Егри е првиот успешно завршен проект за консолидација каде бројот на парцели се намали за скоро четири пати – од 874 парцели на 260 и целосно изградена инфраструктура.

Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект кој е започнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО започна спроведувањето на проектот МАИНЛАНД во вредност од 2.8 милиони евра. Денес подготвени планови за консолидација на земјиштето во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево.

Една од темите на билатералната средба меѓу министрите за земјоделство Николвски и Мамадов беше и можноста за извоз на македонските јаболки на пазарот во Азербејџан. Токму во таа насока министерот Николовски заедно со делегацијата на Азербејџан во текот на денот остварија посета и на компанијата Деалтаск Фреш Ресен, чија дејност е производство, преработка и трговија со убавите македонски прескапнски јаболки.

Компанијата Деалташ Фреш имаат свои модерни овошни насади изградени по сите светски стандарди, обезбедени со системи за наводнување, противградни мрежи и друга инфраструктура, како и најсовремен фрижидер опремен со ULO технологија, каде што јаболката може да се чуваат подолг временски период (околу 1 година) без губење на нивните карактеристики, со капацитет за складирање до 1500 тони јаболки и други видови овошје.

Министерот Николовски заедно со делегацијата на Азербејџан при посетата на компанијата Деалташ Фреш остварија и средба со претставници од Задругата Крани, земјоделска задруга формирана во мај 2016 година во село Крани на темелите на водната заедница А2 Долна Преспа Крани. Оваа задруга денес брои 30 членови со над 130 парцели под овошни насади, а од 2016 година самостојно управува и со системот за наводнување.

Имавме продуктивна посета на министерот за земјоделство на Азербејџан, Мамадов. Нашето искуство во процесот за консолидација го пренесовме на колегите од Азербејџан, двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање со кои ја унарпедуваме сорабтоката меѓу двете држави и отвараме нова можност за пласман на убавите преспански јаболки на пазарите во Азербејџан.

Слични содржини