МЗШВ прво министерство вклучено во CIDR програмата, со поддршка на САД се зајакнуваат капацитетите на министерството за сајбер безбедност

од Nikola Popovski
155 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска потпишувајќи го Меморандумот за разбирање, ја формализира соработката помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и DAI како имплементатор на програмата CIDR за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура.

CIDR е програма која се реализира преку Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД, која дава поддршка на властите во земјите од Југоисточна Европа, преку обезбедување на развојна помош помагајќи им на институциите да ги инкорпорираат најдобрите практики за сајбер безбедност во организациските операции на своето делување.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има цел да ја подобри отпорноста на својата ИКТ инфраструктура против сајбер напади, воведувајќи ги најдобрите практики за сајбер безбедност. Токму според условите предвидени во програмата CIDR, DAI има намера да обезбеди техничка поддршка за остварување на овие предвидени цели на министерството.

Во таа насока за остварување на поставените цели од програмата CIDR, DAI на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку овој Меморандум ќе обезбеди поддршка во насока за подобрување на превенцијата и подготвеноста на можните закани за сајбер – безбедноста.

Преку овој Меморандум се очекува CIDR да обезбеди поддршка за:

Спроведување GAP-анализа, анализа на ризик и утврдување на ранливоста на постојната ИКТ-инфраструктура и мрежите, политиките, процедурите, организациската структура и друго
Спроведување систем за управување со безбедноста на информациите (ISMS)
Обезбедување обуки за градење капацитети за засегнатите страни и вработените во министерството
Развивање попис на средства и технички спецификации за потребната опрема и услуги
Набавка на опрема и/или услуги
Друга техничка помош што е утврдена и заемно договорена меѓу двете страни
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатува благодарност до амбасадата на САД, која позитивно одговори на барањето испратено веднаш по хакерскиот напад врз министерството, за поддршка во зајакнување на капацитетите на министерството за сајбер безбедноста. МЗШВ е првото министерство кое е вклучено во CIDR програмата за дигитализација на отпорност на кртичната инфраструктура.

Закајнувањето на капацитетите на министерството за поголема зашита од сајбер напади, директно на граѓните и земјоделците им обезбедува стабилен ИТ систем за користење на услугите кои ги нуди министерството.

Слични содржини